money-2724235_960_720

Фото: Pexels

Тргувањето е активен стил на учество на финансиските пазари, коешто има за цел да го надмине традиционалното купување и одржување на инвестициите. Наместо да се обидуваат да профитираат од долгорочните трендови на пазарите, трговците бараат краткорочни движења на цените за да профитираат од пазарите што се во пораст, но и од пазарите што се во опаѓање.

Како трговец на берзата, една од најважните работи што можете да ги направите за да ги подобрите вашите шанси за успех е да пристапите кон тргувањето како кон бизнис. Успешен трговски бизнис бара стратешки план. Вашиот бизнис план мора да вклучува работи како краткорочни и долгорочни цели, износот на капитал којшто го имате на располагање за бизнисот и слично.

Вашиот трговски план треба да ги вклучи деталите за тргувањето, односно со што ќе тргувате и како ќе го препродавате истото. Вашиот план треба да биде толку објективен и концизен, така што ќе можете да го предадете на друг трговец и тој ќе може точно да го изврши.

Важно е да се разбере дека вашиот план не е само збир од правила за коишто мислите дека ќе функционираат. Добриот план за тргување е оној што сте го истражувале, тестирале на историски податоци и на пазарот.

Успешно тргување на берзата вклучува повеќе од читање на неколку статии или книги. Треба да планирате да посветите време и напор пред да почнете со тргување. Ова може да биде тешко бидејќи повеќето нови трговци сакаат веднаш  да стапат на пазарот. Додека истражувањето и временските заложби можеби звучат застрашувачки, тие се реален и составен дел од тоа да стане профитабилен, независен трговец.

Tрговците кои прерано ги ставаат своите пари на пазарот или без добро истражуван план за тргување, често се враќаат на почетокот, но со многу помалку трговски капитал. Додека оние кои имаат реални очекувања и кои го третираат тргувањето како бизнис – не како хоби или како шема за брза заработка на пари – се со поголема веројатност  да станат дел од групата на трговци кои се успешни.