Фото: Pexels

Многу работи можеме сами да ги завршиме, но понекогаш  помошта е добредојдена, без разлика во каква форма ќе ја добиеме. Ова особено важи ако сте нов “играч“ кој штотуку дошол во тимот.

Дајте се од себе

Колку и да не се согласувате со вашиот колектив, важно е да остварите соработка. Доколку сте дел од тим настојувајте да дадете се` од себе за да не наидете на дополнителни проблеми. Преземете иницијатива во завршувањето на вашите обврските. Продуктивноста треба да биде на прво место. Бидете максимално професионални и останатите ќе го забележат тоа.

Негувајте ги пријателствата

Работата секако ќе ви биде олеснета доколку работите со пријатели. А за да работите со пријатели прво треба да бидете човекот кој сака да се дружи.  Потрудете се да ги запознаете луѓето што подобро, само така ќе можете брзо и лесно да се вклопите во тимот.

Известете го шефот (во краен случај)

Доколку се појави поголем проблем прво известете го шефот. Не треба да ги клеветите колегите, но имајте на ум дека е добро да се знае коренот на проблемот и да се реагира на време. Сепак, оние малите секојдневни несогласувања потрудете се да ги решите интерно со колегите. Не е возможно да се согласувате со сите, но пожелно е да останете професионални во секоја ситуација. На тој начин ќе ја заслужите почитта и довербата од останатите од тимот.