Денес е прилично тешко да го избегнеме стресот, но можеме да си помогнеме со негово сведување на минимум.

Самоконтрола

Она што најмногу може да ни помогне е контролирање на сопствените емоции. За да го постигнеме тоа, прво треба добро да се запознаеме себе си и што најмногу нè доведува во стресни ситуации. Потоа, ќе биде малку полесно да воспоставиме контрола врз себе, а штом успееме стресот ќе биде минимален.

Доволно сон, здрава храна и активност

Бадијала остануваме без сон размислувајќи што, како, зошто… ако немаме контрола врз ситуацијата. Добриот сон е важен за одморен ум. Истото важи и за балансирана исхрана и физичката активност. Овие три компоненти заедно придонесуваат за поздрав организам и побистро размислување.

Без претпоставки

Ако си замислувате разни сценарија, коишто и не се случиле, дополнително си ја влошувате ситуацијата и придонесувате за поголема анксиозност. Не дозволувајте на негативните мисли да владеат со вас. Можеби на крајот сè ќе излезе во најдобар ред, а вие ќе добиете само “истенчени нерви“.

Медитација

Докажано е дека медитацијата го смирува организмот и му да јава потребната енергија за полесно справување со секојдневието. Такам кога сте под стрес, застанете за момент, најдете тивко место во домот или канцеларијата (доколку е возможно) и неколку минути “исклучете“ се од надворешниот свет.

Не чувајте ги емоциите во себе

Воопшто не е добро сè да чувате во себе и да ја зголемувате фрустрацијата. Доколку треба да се соочите со некого соочете се, изјаснете се и пробајте да го решите настанатиот проблем. Колку повеќе одложувате и се повлекувате , толку поголем стрес ќе доживеете.