Успешните луѓе знаат дека за време на викендот треба да се забави темпото. Релаксацијата помага следната работна седмица да се креира успешно. Следната листа се состои од работи што овие луѓе ги прават во слободните два дена од неделата за во понеделник да се вратат свежи и подготвени за нови предизвици.

Будење во исто време

Навистина делува примамливо за време на викендот да се спие подолго како би се надополниле непроспиените часови во текот на работната недела. Колку и да е хедонистички потегот на прв поглед, сепак не би требало да си играте со вашиот ритам. Ако навистина ви треба да ги надополнување на непроспиените часови, тогаш легнете си порано.

Утрата – дел од денот само за себе

Може да биде навистина тешко да одвоите време за себе во текот на викендот, особено ако имате семејство. Првата работа која што треба да ја направите наутро е да се посветите на активноста во која уживате и која ве опушта. Тоа ќе ви помогне да го изрелаксирате умот. Мозокот е најактивен 2-4 часа откако ќе се разбудите. Затоа треба порано да станете и да се посветите најпрвин на физичка активност, а потоа да ги активирате мозочните вијуги додека се на максималната точка на активација.

Микро авантури

Купете билети за театар или концерт, резервирајте вечера за двајца во некој нов ресторан. Наместо да брзате, направете план однапред. Пробјате нешто што досега не сте го искусиле или го немате правено подолго време. Истражувањата покажуваат дека очекувањата нешто да се случи носи повеќе задоволство, отколу самата потенцијална активност. Тоа што знаете дека имате испланирано нешто прекрасно за во сабота вечер, ќе ве држи во убаво расположение цела недела.

Препуштање на забавата

Ќе се изненадите кога ќе дознаете што се случува кога во текот на викендот го правите она што ве исполнува со страст и задоволство. Тоа е сјаен начин да се справите со стресот и да ви се отворат нови хоризонти на размислувања. Свирење, пеење, читање, цртање или дури играње фудбал може да стимулира различни расположенија кои што ќе ви помогнат да ја пребродите престојната седмица.

Дисконектирање

Најважната викенд стартегија на вашата листа е дисконекцијата. Ако не се одвојувате од телефонот или компјутерот од петок попладне до недела навечер, парктично немате викенд, ниту одмор. Тоа што сте достапни 24/7 ве изложува на константен стрес и ве спречува да се фокусирте на опуштањето.

Фото: Pixabay