Еве како некои од најуспешните луѓе во светот се справуваат со стресни ситуации.

Бил Гејст чита книги. Еден од основачите на Microsoft пред да си легне поминува еден час читајќи книга без разлика на времето. Тој настојува нештата да ги направи едноставни, мудра лекција што ја научил од Ворен Бафет.

Тим Кук се фокусира само на позитивното. Извршниот директор на Apple не ги слуша негативните луѓе и коментари. Тој вели дека денес има толку многу “врева“ во светот што ако не ги потисните лошите зборови ќе си имате проблем.

Ворен Бафет музицира. Еден од најуспешните инвеститори во светот свири укулеле за да се релаксира. Докажано е дека свирењето на инструмент го стимулира мозокот и помага во ослободување од стресот.

Шерил Сандберг го исклучува мобилниот телефон. Главниот оперативен директор на Facebook со цел добро да се одмори во текот на ноќта не прегледува мејлови ниту веб страни и социјални мрежи.

Џек Дорси се води по определен распоред. Еден од основачите на Twitter не сака непланирани работи и вели дека токму тоа го зголемува стресот. Затоа секој ден од неделата на Дорси му е однапред планиран.

Сузан Војчички се посветува на фамилијата. Извршната директорка на YouTube одвојува време и квалитетно го поминува со своето семејство. Тоа најмногу ја релаксира пред да се врати на работните задачи.

Џеф Безос наоѓа причина за смеење. Основачот на Amazon и моментално најбогатиот човек во светот практикува многу да се смее. Смеењето го ослободува хормонот на среќата и го намалува стресот. Покрај тоа, тој во најбрз рок ги идентификува проблемите и веднаш пристапува кон нивно решение.

Фото: Facebook