Фото: Pexels

Иако, не може да го зголемите бројот на часови во денот, сепак може да го промените начинот на којшто ги трошите истите.

Во продолжение прочитајте совети што ќе ви помогнат во ова.

Поставете цели

Основата за управување со времето е да знаете по кој пат одите, а целите може да ви помогнат да креирате план за да ги остварите истите. Всушност, тешко е да се постигне нешто без конкретни цели. Кога станува збор за управување со време и продуктивност,  краткорочните цели се оние кои се најважни.

Можете да почнете со поделба на вашите долгорочни цели во месечни цели, а потоа да ги поделите и во неделни, па дури и секојдневни цели.

Изберете систем

Постојат многу системи за управување со времето и продуктивност, вклучувајќи специфичен софтвер, онлајн апликации, па дури и целокупни филозофии.

Ако се обидувате да најдете начин за управување со времето, обидете се да ги комбинирате идеите на неколку различни тактики за да создадете систем што ќе одговара на вашите потреби.

Најдете ја вашата зона на продуктивност

Некои луѓе се најпродуктивни наутро, кога нивните умови се свежи и пред сите други да бидат будни. Некои луѓе претпочитаат завршување на важна работа во средината на денот, а други се ноќни птици.

Можете да го намалите времето потребно за да ја завршите работата со одбирање на периодот кога сте најефкасни.Зато паметно испланирајте. Можете да ја зголемите вашата продуктивност уште повеќе ако сте во можност да ги намалите одвлекувањата и прекините во текот на фокусираното работно време.

Следете го вашето време

Следењето на вашето време може да ви помогне да ја зголемите продуктивноста на два можни начини. Прво, тоа ќе ве задржи фокусирани на задачата во којашто работите во тој момент, а за ова употребете го стариот добар часовник.

Второ, следењето на времето може да ви даде слика за тоа каде вашето време се троши, на долг рок. Ова може да даде важен увид во тоа како сакате да го потрошите вашето време, како навистина го трошите, и какви промени можеби ќе треба да направите за да го промените балансот.

Одредете што да делегирате

Кога имате повеќе работа отколку што можете да поднесете, време е да делегирате.Добар начин да се започне со делегирање е да се утврдат кои задачи се приоритетни. Потоа, треба да ги најдете вистинските вработени и да создадете тим изграден врз доверба, почит и споделени цели. Не е секогаш лесно, но откако ќе имате тим за поддршка и ќе може ефективно да делегирате, вашата продуктивност и потенцијал ќе се зголемат.

Одете по ред

Секако можете да ја планирате вашата недела, месец, па дури и година во некои аспекти и да имате план  за тоа на што ќе работите и кога, но кога станува збор за реализација на реалниот живот, започнете од денес. Не само што не знаете точно што утрешниот ден ви носи, туку фокусирањето на сегашноста може да ви помогне да останете присутни и ангажирани. Врежете ги во меморијата научените лекции од секој ден, искуството ќе си го направи своето.