Фото: Pexels

Банкарските картички кои овозможуваат плаќање со пинови и чипови наскоро може да станат историја, како дел од плановите да се воведе побезбеден начин на купување пишува британски Mirror.

Новите биометриски картички ќе функционираат на принцип на отисок од прст, благодарение на вградената технологија за скенирање на отпечатоци. Сè што ќе треба да напават корисниците е да отидат во банка и да остават отпечаток од показалецот, а тој ќе се регистрира на платежната картичка и така никој не ќе може да ја користи истата без дозвола на сопственикот.

Технологијата за скенирање на отпечатоци се придвижува од магнетното поле на терминалот за плаќање, па така продавниците дури и нема да мораат да ги заменат своите машини, односно за разлика од промоцијата на безконтактните картички, биометриските картички ќе работат со постојните платежни терминали.

Банките се одлучија на овој чекор поради зголемениот број на украдени или пробиени картички. Само  минатата година хакерите и сајбер криминалците успеале да украдат над една милијарда евра.

Плаќањата со банкарски картички е во нагорен тренд и се очекува до 2027 година тоа да биде најкористениот начин на плаќање.