2958a7bd074c914c6fc4b15352e8bddd_original

Фото: Kickstarter

Kevin е машина за мелење кафе, во којашто може да се мешаат повеќе типови на различно кафе и да се направи комбинација по желба на корисникот.

Производот е дело на старт-ап е со седиште во Чикако, Илиниос, а досега има собрано повеќе интернационални награди.

Kevin може да измеле 100-200 грама кафе на едно полнење, а времето за коешто треба да се сомеле кафето го одредува корисникот. Предноста на кафето во зрна е што стои свежо и со месеци.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 246.863 долари од потребните 40.000 долари. Машината којашто доаѓа со пет различни вкусови на кафе ги собра потребните средства за само три часа, а кампањата трае уште 37 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат до крајот на декември годинава.