Фото: Pexels

Околу 80 милиони луѓе може да се нахранат од оризот што расте во солена вода, а е идеја на група кинески научници. Овој вид на ориз е засаден во провинцијата Шандонг, што се наоѓа во источниот дел на Кина, пишува Russia today.

Оризот што расте во солена вода беше откриен пред една година, кога беше направен успешен тест којшто покажа тројно поголеми приноси по хектар.

“Доколку има природни катастрофи, а Кина е земја со голема популација, многу е тешко да се потпрете само на увоз на храна од странство, бидејќи постојат логистички бариери. Доколку жителите на Кина се гладни поради лошиот род, ќе има социјални немири што претставуваат фактор за дестабилизација во светот“, вели Реј Гуодон Џанг, директор на Центарот за морски истражување.

Според научниците, претворањето на плодното земјиште во плодна почва за Кина ќе значи можност да се нахрани целата земја, а тоа ќе значи и мир и стабилност.

“Житото и оризот се главна храна за кинескиот народ, а 60% од нив зависат токму од оризот“, додава тој.

Новиот тип на хибриден ориз е одгледан на тој начин што научниците ја разредуваат солената морска вода и преку канали ја спроведуваат до оризовите полиња во крајбрежниот град Кингдао во Шандонг.