Невербалната комуникација честопати е многу помоќна и поискрена од вербалната. Според експертите дури 83 проценти од комуницирањето е невербално, а луѓето најчесто не се ни свесни што нивните гестови, движења и положба на телото можат да “кажат“ на соговорникот или побликата.

Еве на што треба најмногу да се обрне внимание за успешна невербална комуникација при презентации.

Контакт со очите

Многу е важно соговорникот/те да се гледаат во очи. Особено ова важи за презентации, каде што во позадина идат аудио или визуелни средства. Презентерот доколку не воспоставува контакт со очите, присутните ќе бидат далеку помалку заинтересирани за тоа што се презентира.

Позиција

Не треба во никој случај да бидете статични. Треба да покажете енергија, односно да се движите од едно место на друго во собата или салата. Доколку само седнете и менувате слајдови, ќе постигнете помал ефект, во споредба со енергичните гестикулации и различни позиции.

Израз на лицето

Треба да изгледате самоуверено, а вашето лице да покаже голема доза на ентузијазам и посветеност на тематиката. Секако насмевката е добродојдена, но внимавајте тоа да биде дискретно спакувано. Ако останете намуртени и не го смените изразот на лицето, ќе демонстрирате само индиферентност.

Гестикулации со рацете

Дланките на рацете можат многу да кажат во невербалната комуникација. Клучно е како ги поставувате додека зборувате. Високо кренати раце и отворени дланки покажуваат дека знаете што правите и верувате во тоа што го кажувате.

Фото: Pixabay