Со новото решение за поморски превоз KN Pledge, Kuehne + Nagel стана првиот логистички оператор што нуди онлајн решенија за пратки со целосна оптовареност (Full Container Load – FCL) со најкратко време, 100% гаранција за враќање на парите, зголемена карго одговорност, инстант цени и неутрализирање на штетната емисија на јаглерод диоксид, стои во соопштението.

Доцнење на товарен транспорт по морски пат може да се случи од многу причини, како што се лоши временски услови или одложени транзитни врски.

Со KN Pledge, Kuehne + Nagel обезбедува сигурност за синџирот на снабдување на купувачот со гарантирано најкратко време за транспорт со FCL, што ги покрива сите комбинации за испорака од пристаниште до врата.

Во случај задоцнувањето да е неизбежно, клиентите кои букирале KN Pledge нема да ги платат трошоците со товар.

Услугата, исто така, опфаќа и зголемена карго одговорност којашто покрива широк спектар на штети до 100.000 долари по пратка. Тука се вклучени штети од типот на пожар, експлозија, природна непогода или војна.

Клиентите на KN Pledge преземаат активна улога во неутрализирање на штетното влијание врз животната средина.

Kuehne + Nagel има повеќе од 7.500 посветени и искусни специјалисти кои се грижат на клиентите да им обезбедат супериорна сигурност. За таа цел, Kuehne + Nagel се потпира на дигиталната технологија, реалните податоци и информации за поморскиот сообраќај во реално време ги обезбедува од сопствената паметна онлајн платформа Sea Explorer.

“Горди сме што сме први во логистика на поморски транспорт што го обезбедуваат ова иновативно и сеопфатно решение за нашите клиенти. Она што е специфично за оваа онлајн услуга на Kuehne + Nagel, е тоа што им обезбедува на клиентите да добијат понуди за FCL и LCL пратки за неколку секунди од било кое место  во светот со гарантирано водечки најкусо време”, изјави Ото Шахт, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel International AG, одговорен за Seafreight.

Фото: Kuehne + Nagel