Луѓето кои знаат што сакаат, најчесто успеваат тоа и да го остварат. Тие се визионери. Не се занимаваат со неважни работи, туку напротив имаат јасна цел. Ги одликува јасност и не ги интересираат неважни работи што не водат кон зацртаната цел.

Понекогаш си допуштаат фантазирање, но прават и планови. Знаат дека фантазијата е величенеествен дар којшто разумот му го допушта на срцето да прегледа и неистражени предели.

Успешните луѓе постојано прашуваат. Си поставуваат прашања и себе си и на другите.

Исто така, успешните поставуваат рокови и ги почитуваат. Размислуваат за конкретни датуми, бидејќи знаат дека само желбите остануваат запишани за неодредено време. Со тоа за секоја цел имаат јасна стратегија и план на остварување

Секоја среќна и успешна личност има некоја своја специфична харизма. Меѓутоа многу одлики на луѓето што знаат што сакаат се исти. Кои одлики на успешните луѓе ги имате вие?

Високо ниво на енергија

Силна волја-волја и сила за надминување на препреките: сакам, можам, умеам, ќе дознаам..

Неутрален став-баланс на позитивните и негативните влијанија, постапување во сите ситуации непристрасно

Лична топлина– атрактивна енергија со добри вибрации

Емпатија-сомилост и сочувство со отворено срце

Едноставност во делувањето– акција базирана на инспирација, јасност и ред

Ментална сила

Реална слика за себе-јасна прегледност на личните лимити и предности

Интегритет– доверливост на цврст карактер, ускладеност на емоциите, мислите, делата, баланс на волјата и самоконтролата

Одговорност-акција кон себе, но и кон другите како хармоничен одговор на ситуацијата, отсуство на реакција и проекција на изговори

Логика и критичко размислување– љубопитност и расудување со отворен ум

Интуиција и спознавање– поглед на целата слика надвор од сопствените интереси, способност да се почувствува ситуацијата.

Вештини за соработка со луѓето

Способност и водење– движечко влијание врз другите

Способност за следење- подготвеност на подреденост и тимска игра

Креативност– изнаоѓање инвентивни решенија

Самодисциплина– жртвување на моменталното задоволство заради поголемо добро

Флексибилност– подготвеност на промена и раст

Ентузијазам

Смисла за хумор-уживање во животот без премногу сериозно да се сфаќаат ситуациите, себе и другите

Жилавост и истрајност– неуморно делување, повторни обиди

Голема желба да се успее– одлучна и доследна посветеност на напредокот и личниот развој

Досегашно искуство– способност да се научат лекции од сите ситуации.

Фото: Pixabay