За да бидете еден од оние вработени без кои компанијата едноставно не би можела, погледнете кои карактеристики ги имаат најбараните работници и обидете да ги присвоите.

Активно слушаат

Внимаваат на тоа што нивните соговорници го кажуваат и поставуваат конкретни прашања со цел да развијат продуктивна дискусија.

Имаат висока емоционална интелигенција

За да може успешно да се менаџираат сите сфери на работењето, потребна е емоционалната интелигенција (EQ). Најдобрите вработени имаат висок коефициент на EQ којшто одлично го комбинираат со своите знаења и вештини.

Трпеливи се

Пред да превземат или кажат било што тие логично размислуваат и трпеливо го бараат најдоброто решение за соодветната ситуација или проблем. Токму оваа карактеристика е темел на добри одлуки.

Не драматизираат

Остануваат со смирена глава и кога на сите тоа им изгледа невозможно. Се потпираат на фактите и потоа го изнесуваат своето гледиште пред другите.

Одлично се справуваат со емоциите

Да се справиме со сопствените емоции понекогаш е прилично тешко. Но, овие луѓе ја пронашле техниката на самоконтрола и наоѓање на позитивното во секоја ситуација.

Не подлегнуваат на мултитаскинг

Многу добро знаат дека мултитаскингот честопати остава многу работи недовршени. Токму затоа и не го практикуваат.

Успешно менаџираат со времето и обврските

Паметната распределба на времето и обврските е клучна за успехот. Секој шеф би посакал вработен кој наоѓа начин да заврши се и тоа да го направи онака како што треба.