Претприемачот кој не умее да направи добар бизнис план, не умее ни да раководи со сопствен бизнис. А за да биде бизнис планот појдовна точка за успех и да примами инвеститори еве што треба да содржи.

Дефиниција на проблемите на клиентите и нивно решение

Производот односно услугата треба да бидат концизно дефинирани. Да се знае зошто служат, што ќе решат и како ќе го решат проблемот/потребата на купувачите.

Сегментација на можностите и конкурентната средина

Анализата на пазарот каде што ќе се најде вашето решение треба да биде темелена на податоци од професионалци во индустријата, а не од ваше мислење. Треба да се наведат клучните конкуренти и алтернативите, со особен акцент на конкурентските предности што вие ќе ги понудите, како патенти и трговски марки.

Детали за бизнис моделот и готовинскиот тек

На секој бизнис, дури и оној непрофитниот му треба бизнис модел за да “преживее“. Бесплатниот производ или услуга може да изгледа примамливо во маркетинг кампањите, но ќе ви треба извор на приходи за да опстанете. Имајте на ум дека инвеститорите не го сакаат зборот “бесплатно“.

Зошто да ве одберат вас?

Наведете кои се клучните “играчи и помагачи“ во вашата замисла. Вклучете го секое претходно искуство што може да послужи како релеватна информација. Она што се бара во многу случаи покрај вистинскиот производ или услуга се и вистинските луѓе.

Маркетинг, продажба…

Се што е поврзано со маркетинг и продажба треба да биде составен дел од бизнис планот. Конкретни бројки, факти, начини како тоа ќе се постигне и слично треба да бидат наведени и прецизирани.

Приходи, трошоци и потреби

Таргетите го прават планот реален, детален и комплетен. Потенцирајте го тоа што планирате да биде остварено и за колку време. Но, внимавајте кога ја наведувате потребната сума, задолжително проверете колку вреди вашиот старт-ап.

Потенцијален поврат и процесот на враќање на инвестицијата

Најдобар начин за да се направи ова е да се посочи сличен, неодамнешен пример на повраток на инвестиција. Инвеститорите односно бизнис ангелите бараат компании со потенцијал за брз раст, коишто двојно би ги зголемувале приходите од година во година.

Фото: Pixabay