Фото: Facebook

Технолошките компании и понатаму остануваат дел од највредните приватни компании во светот пишува Business Insider, повикувајќи се на листата што неодамна ја објави Pitch’s Book.

Врвот на највредните технолошки компании го држи американската компанија за изнајмување на такси услуги, а веднаш по неа е кинескиот гигант во истата област. На листата од 15 највредни ИТ компании доминираат американски и кинески, но има и една индиска.

Во продолжение погледнете кои се 15 највредни компании на светот што се занимааваат со креирање на онлајн апликации и платформи.

Uber: 69,6 милијарди долари

На врвот се наоѓа најголемата американска компанија за изнјамување такси услуги, Uber чија вредност се проценува на 69,6 милијарди долари и која во јануари годинава ја зголеми својата вредност за 1,3 милијарди.

Didi Chuxing: 56 милијарди долари

Креаторот на најголемата апликација за возење во Кина, Диди Чукинг се најде на второ место со својата компанија Didi Chuxing  која вреди 56 милијарди долари, а само во февруари 2018 година оствари раст од 4,6 милијарди долари.

Airbnb: 31 милијарда долари

Онлајн компанијата за изнајмување на простор, Airbnb, се најде на третото место со вредност од 31 милијарди долари, и со раст од 1,6 милијарди долари во последните три години.

Meituan- Dianping: 30 милијарди долари

Meituan-Dianping е најголемиот кинески онлајн сервис за услуги, билети и ресторански резервации кој во 2017 година оствари раст од 4 милијарди долари, а неговата моментална вредност на пазарот е  30 милијарди долари.

Фото: Facebook

SpaceX: 24,7 милијарди долари

Американската вселенска компанија на Илон Маск SpaceX неодамна заработи 214 милиони долари, со што ја зголеми својата вредност на пазарот на 24,7 милијарди долари.

WeWork: 21,2 милијарди долари

Провајдерот за работен простор, WeWork, лоциран во Сан Франциско, на пазарот вреди 21,1 милијарди долари, а само во последната година го зголемил својот раст за 3 милијарди долари.

Palantir: 20,5 милијарди долари

Palantir е компанија која создава платформи за собирање и анализа на податоци за владини агениции, но и приватни компании, и вреди 20,5 милијарди долари.

 Toutiao: 20 милијарди долари

Toutiao е кинеска апликација за вести која во 2017 година оствари раст од 2 милијарди долари и моменталната цена на пазарот и е проценета на 20 милијарди долари.

Pinduoduo: 15 милијарди долари

Pinduoduo е кинеска платформа за попусти, која во април 2018 година ја зголеми својата пазарна вредност за 3 милијарди долари и нејзината сега изнсува 15 милијарди долари.

Pinterest: 12,3 милијарди долари

Популарната социјална мрежа за споделување на слики и интернет соджини, Pinterest е позициониран на десетото место со пазарна вредност од 12,3 милијарди долари и со заработка од 150 милиони долари во јуни минатата година.

Фото: Facebook

Lyft: 11,7 милијарди долари

Lyft е уште една американска компанија за изнјамување такси услуги која по растот од 1,7 милијарди долари во март годинава се искачи на единаесетото место со пазарна вредност од 11,7 милијарди долари.

Paytm: 10 милијарди долари

Paytm е индиска компанија која созадава платформи за мобилно плаќање и е-трговија, а откако порасна за 1,4 милијарди долари во мај минатата година, денес на пазарот котира со вредност од 10 милијарди долари.

Stripe: 9,2 милијарди долари

Stripe е уште една платформа за онлајн плаќање, овојпат лоцирана во Сан Франциско и моментално на пазарот вреди 9,2 милијарди долари.

DJI: 8 милијарди долари

DJI оваа технолошка компанија, лоцирана во Кина, е најголемиот светски производител на дронови и вреди 8 милијарди долари, а само во 2015 година заработи 75 милиони долари.

Jeidaibao: 7,6 милијарди долари

Jeidaibao е кинеска компанија која креираше апликација која ги олеснува олајн трансакциите со заем и нејзината моментална вредност е 7,6 милијарди долари.