Деновиве правам доста интервјуа со потенцијални кандидати кои би работеле кај нас (ако знаете некои, нека испратат барање за да им кажеме што бараме) и нормално, поставувам многу прашања. Некои од нив се со формален карактер, но има и доста кои се со неформален карактер.

Но, она што многу ме зачуди е тоа што голем број луѓе со кои се сретнав, особено оние коишто скоро излегле од некоја образовна институција или, пак, се само со неколку години работен стаж, всушност не ни знаат кои им се аспирациите во животот. Многу ретко да најдете некој кој знае што сака.

Знаете како, убаво е човек да знае што сака во животот,независно дали е тоа остварливо или не, барем кога сте мали и не знаете ништо од животот. Со текот на времето, тие аспирации се менуваат и се адаптираат, но доколку не знаете кои се вашите аспирации, тоа не зборува баш убаво за вас.

Но, кога веќе зборуваме за аспирациите и што е она што сакате да бидете кога ќе пораснете, би сакал да споделам со вас неколку идеи или насоки како да дојдете до тоа:

  • Верба во себе и во другите– најважна работа е да имате верба во себе. Луѓето кои веруваат во себе можат и да работат на поставување на цели во животот, па и нивно остварување.
  • Самодоверба – поголемиот број луѓе се задоволуваат со малку, и истите тие луѓе ќе влијаат на вас и вие да се задоволите со малку. Без самодоверба, многу лесно може да потпаднете на нивното влијание. Внимавајте на вашата самодоверба и работете на нејзино зацврстување за цело време.
  • Мотивација – при дефинирање на аспирациите, потребна е и мотивација. Мотивација од самите себе, но и од вашата најблиска околина. Затоа, секоја аспирација искомуницирајте ја со луѓето на кои им верувате, нивната мотивација ќе ви биде повеќе од потребна во иднина.
  • Уникатни – бидете уникатни во вашите желби. Уникатноста мора да ја врзете и со вашето опкружување, но и со вашата
  • Визија – без визија, нема иднина! Секој од нас мора да има визија каде се гледа себе си, сам, со фамилијата, со пријателите… луѓето без визија, се луѓе без никакви аспирации!
  • Креативност – во дефинирање на изборот… за остварување на изборот!

Како што поминуваме низ животот и работењето за остварување на соништата, знаејќи кои сте и кои се вашите аспирации, ќе бидат клучни во остварување на целите. Да се стане она што ви била аспирацијата – не е лесно, но без неавие сте како вонземјанин на планетава, човек без компас. Потребна е голема храброст, упорност и цврсто верување во себеси.

Со успех во промените.