Добрите и иновативни идеи го движат светот напред и се основа за напредок во секое поле. Креативноста и досетливоста, исто така, играат важна улога во осмислување на краен и практичен производ којшто решава одреден проблем или потреба.

Сепак, во некои делови од светот, се раѓаат повеќе таленти, но и можности да се оствари нечија замисла. Според овогодинешниот извештај за најиновативни земји во светот приматот го зазема Јужна Кореја.

Истражувањето се базира на неколку критериуми како производствена способност, фокус на високотехнолошки јавни организации, трошоци за истражување и развој, продуктивност и патенти.

Топ 10 листат изгледа вака:

Јужна Кореја

Јужна Кореја и минатата година беше на прво место на листата, а годинава има вкупно 20 одобрени патенти.

Германија

Минатата година Германија била на четврто место, а годинава ја држи вицешампионската позиција со седум патенти.

Финска

Од седмо место лани Финска се искачува за четири позиции на трето место, со пет патенти.

Швајцарија

На четврта позиција е Швајцарија, едно место погоре од минатата година, со регистрирани 27 патенти.

Израел

Најголемо искачување за пет позиции бележи Израел, од петто на десетто место. Број на патенти четири.

Сингапур

Сингапур паѓа за три позиции од трето на шесто место годинава, со 14 патенти.

Шведска

Од ланското второ, годинава Шведска паѓа на седмо место, со регистрирани 25 патенти.

САД

САД се искачуваат за три места од 11-то на осмо, со само еден патент.

Јапонија

Опаѓање за три позиции има и Јапонија од шесто лани на деветто место годинава. Бројот на патенти изнесува 10.

Франција

Франција оваа година, со 15 патенти, се наоѓа на 10-то место, а лани била деветта.

Фото: Pixabay