Вработените и менаџментот од Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Пакомак и познатите  уметници Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова, во саботата спроведоа акција за чистење на Градскиот парк во Скопје. Акцијата беше повеќе од успешна бидејќи се собраа најмалку 40 големи кеси со отпад.

Во период од еден час и половина близу 100 волонтери, некои од нив придружувани и од нивните деца, собраа големо количество отпад кој секојдневно го оставаат посетителите на Градскиот парк.

“Мотото на оваа акција беше Чиста навика, а со овој настан учесниците сакаа да ја подигнат свесноста при користење на заедничките простори, за истите да останат чисти и по нивното користење“, велат од Комерцијална банка.

Освен како едукативна оваа акција треба да прерасне и во традицонална. Во наредниот период вакви акции ќе бидат организирани и од вработените во филијалите и експозитурите на Банката низ Републиката.