Поттикнати од глобалното движење за производство на чиста енергија од обновливи извори и водена од својата општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје го претставува сопствениот систем за производство на електрична енергија од сончево зрачење.

Платформата со фотоволтаични панели е поставена на кровот на деловниот објект КБ-2 во центарот на Скопје. Се состои од 81 панел со моќност од 300 W по панел и два струјни инвертора поврзани со напојувањето на зградата. На овој начин, дел од потребната електрична енергија Комерцијална банка АД Скопје ја обезбедува од сопствени извори, а остатокот го надополнува од електричната мрежа. Целокупната произведена електрична енергија се употребува за потребите на деловниот објект.

Системот е пуштен во функција во декември 2018 година. Во убав сончев ден произведува повеќе од 100 kWh електрична енергија дневно. Благодарение на оваа инвестиција, Комерцијална банка АД Скопје за три месеци спречи во атмосферата да се емитуваат речиси два тона СО2,  кои би биле испуштени доколку ова количество електрична енергија било произведено во термоцентрала со согорување на јаглен.

Ова е придонес и дел од напорите на Комерцијална банка АД Скопје за намалување на загадувањето во Скопје.