Фото: McCormick

Една од најголемите компании за производство на зачини во светот ќе користи вештачка интелигенција за пронаоѓање на нови вкусови. За таа цел McCormick со седиште во Мериленд, САД, соработуваше со IBM Research, а резултат е систем со вештачка интелигенција којшто е трениран да распознае постоечки зачини и вкусови, но и да креира нови комбинации.

Компанијата планира да ја претстави својата прва линија на вакви производи до крајот на годината, а истата ќе го носи името One. Системот со вештачка интелигенција “се разбира“ од свежи состојки, “формули“ за зачини, продажба, предвидувања за следни трендови и тестирање на производи на клиенти, пишува CNN.

Еден потенцијален производ може да помине низ 50 до 150 тестови пред да биде финално изработен. Потоа, вработените од McCormick истиот го тестираат во лабораторија со експерти за вкусови, а на крајот доаѓаат потрошувачите. Целиот процес може да трае од две недели до шест месеци.

Од компанијата се надеваат дека новиот систем со вештачка интелигенција ќе го скрати времето за креирање на нов производ за повеќе од половина.