Македонска берза информира дека по поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 14-ти март, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 1.000.010.000 денари.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.