Kozmophone е модернизиран грамофон и е совршен спој од минатото, сегашноста и иднината.

Овој грамофон има звучник кој се ротира за 360 степени и може да се користи и како самостоен звучник, но и да се поврзе со паметен телефон преку блутут. Kozmophone има и дисплеј со холограм, како и влез за слушалки и многу други карактеристики.

Исто така може да се спои и со надворешни звучници со RCA линиски кабел, а холограмот може да се подесува преку апликацијата која е направена за овој грамофон. Освен неговата првична намена, тој служи и како бежичен полнач за паметни телефони и уреди.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Чикаго, Илиниос и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 48.817 долари од потребните 30.000 долари, а кампањата трае уште 39 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во декември годинава.

Фото: Kickstarter