Филијалата на Kuehne + Nagel во Торонто, Канада, неодамна го доби сертификатот KN PharmaChain за поморски транспорт, што претставува 200-от сертификат на глобално ниво, стои во соопштението.

Клиентите на Kuehne + Nagel во Онтарио сега имаат можност да користат сертифицирани услуги: обука, усогласеност и највисоки стандарди за квалитет на услуги за складирање во контролирана температура.

“Тековниот тренд во фармацевтската и здравствената индустрија води кон построга регулатива за безбедност на пациентот, како и силната конкуренција на пазарот бара иновативни логистички решенија. Со 200 сертифицирани операции, KN PharmaChain на нашите клиенти им нуди интегрирана технологија, безбедни логистички решенија што ги покриваат и највисоките барања за квалитет низ целиот свет. Тоа е дел од нашата стратегија да обезбедиме високоспецијализирани решенија специфични за индустријата што ги одразуваат потребите на нашите клиенти“, вели Детлеф Трефгер, извршен директор на Kuehne + Nagel International AG.

Процесот на сертифицирање е основен елемент на KN PharmaChain решението со цел да се обезбедат стандардизирани услуги на сите локации и да се гарантира интегритетот на производите што му се доверени на Kuehne + Nagel во секое време. Применливиот GxP стандард се базира на специфични критериуми на системот за управување на Kuehne + Nagel, којшто е ревидиран од страна на фармацевтски ревизори.

“Горди сме што сме дел од семејството на KN PharmaChain. Нашите корисници на фармацевтски и здравствени услуги сега може да имаат корист од супериорната усогласеност и зголемената сигурност врз основа на докажана локална експертиза и силна глобална мрежа“, вели Џејми Вуд, национален менаџер на Kuehne + Nagel за Канада.

Глобалната KN PharmaChain мрежа вклучува 600.000 метри квадратни индустриски простор за складирање, специјално обучени локални екипи и ќе надмине 200 сертифицирани операции до крајот на месецот.