Фото: Kickstarter

KUWOW е мултифункционален ранец којшто има вграден Bluetooth и LED светло во него, а отпорен е на вода, на пожар и на кинење.

Ранецот е заштитен од крадци, благодарение на тоа што може да се следи преку GPS со NUT апликацијата, а исто така има и механизам со којшто се заклучува со пин.

KUWOW исто така има и многу скриени мали прегради за телефон и за клучеви, а има и посебни прегради за лаптоп и таблет.

Ранецот има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 20.949 долари од потребните 3.975 долари, а кампањата трае уште 34 дена.

Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Хонг-Конг, а првите испораки се очекува да бидат во јули годинава.