Lenovo најавува вистинска иновација кога станува збор за моќни преносни компјутери, пишува The Verge.

ThinkPad P52 кој треба да се појави на пазарот до крајот на месецов ќе има 128 гигабајти RAM меморија, како и голем простор за складирање на податоци до 6 терабајти (PCIe SSD).

Понатаму во овој модел ќе биде вграден процесор од осмата генерација на Intel, а согласно своите потреби, купувачите ќе може да изберат помеѓу шестјадрените Core и Xeon. Графичкиот дел е поддржан од графичката картичка Nvidia Quadro P32001.

Од стандардната опрема ThinkPad P52 ќе има три USB порта, и по еден LAN и HDMI (2.0), потоа читач на мемориска картичка  и 3,5 милиметарски аудио слот. Екранот ќе биде 15,6 инча, и ќе поддржува 4К резолуција. Најновиот модел на Lenovo исто така е и VR-Ready.

Лаптоп компјутерите со голема RAM меморија не се ништо ново, кога станува збор за идеја. Во 2016 година од Apple изјавија дека не се во можност да понудат преносен комјутер со поголема  RAM меморија од 16 гигабајти, бидејќи зголемувањето на меморијата ќе предизвика друг мемориски состав и тоа директно ќе се одрази на траењето на батеријата.

Една година подоцна почнаа шпекулации како Apple подготвува MacBook со 32 гигабајти RAM, меѓутоа сè остана во сферата на претпоставките. MacBook Pro поседува само 16 гигабајти RAM.

Фото: Facebook