Охридска банка Сосиете Женерал, во своето корпоративно кредитно портфолио воведува нов бизнис кредит,  Лифт кредит, наменет за мали и средни претпријатија кои имаат потреба од финансирање на тековните деловни активности.

Лифт – бизнис кредитот e креиран со цел да им помогне на малите и средни претријатија да го подигнат својот бизнис на едно повиско ниво, односно преку поволна каматна стапка и атрактивна понуда без дополнителни трошоци, малите и средни претпријатија да можат да го унапредат своето работење, да набавуваат материјали и стока, да го финансираат тековно производство, или генерално да ја подобрат ликвидноста на својата компанија.

Почнувајки од денес, сите заинтересирани мали и средни претпријатија, може да аплицираат за Лифт – бизнис кредит во Охридска банка Сосиете Женерал и да го искористат промотивниот период кој ги ослободува клиентите од провизија за исплаќање на кредитот, како и од провизија за одржување.

Лифт – бизнис кредитот се карактеризира со фиксна каматна стапка од 5,5% за целиот период на исплата на кредитот, односно за период од 13 – 36 месеци, за обртни средства, индексиран во евра, за износи од 5.000-50.000 евра.

Со воведување на Лифт – бизнис кредитот во своето корпоративно кредитно портфолио, Охридска банка Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како Банка, која е во одлични и долгорочни релации со корпоративниот сектор во земјата, посветувајќи им внимание и грижа на малите и средни претпријатија, преку понуда на атрактивен производ со кој ќе им го олесни тековното работење.

Повеќе информации за Лифт – бизнис кредитот и за останатите производи на Банката може да најдете на www.ohridskabanka.mk или во експозитурите на банката ширум земјата.