Фото: Pixabay

Вкупно објавениот нето долг во шестата листа изнесува 8. 945.217.255 денари, повеќе за 245.140.071 денари од претходната листа, информира Управата за јавни приходи (УЈП).

Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8.798.781.524 денари (повеќе за 229.551.387 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 146.435.731 денари (повеќе за 15.588.684 денари од претходната листа).

Во оваа листа на должници се најдоа физички и правни лица што имаат долгови доспеани до 28-ми февруари и неплатени до 31-ви мај оваа година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. За физичките лица и самостојни вршители на дејност, долгот е повисок за 120.000 денари, додека кај правните лица тој надминува 300.000 денари.