Фото: Pixabay

Неодамна Светската здравстевна организација (СЗО)  ја објави новата Меѓународна класификација на болести, а на новата листа во класата ментални болести се најде и зависноста од видео игрите. Тешките облици на зависност се наречени Gaming disorder и имаат симптоми слични на некои други зависности (како на пример коцкањето) и можат сериозно да го загрозат здравјето на поединецот.

За таа цел, пишува Guardian, британскиот национален здравстевен систем сака да им излезе во пресрет на сите оние кои се борат со овој вид на зависност, отварајќи во Лондон клиника за лечење на зависност од видео игри.

Центарот за зависност од интернет што ќе се отвори во Лондон, ќе се фокусира посебно на зависноста од видео игрите, а со текот на времето предвидено е клиниката да се занимава и со останатите видови на зависност коишто потекнуваат од дигиталната активност. Инаку оваа клиника ќе биде финансирана од британскиот национален здравствен сервис, како и од неколку приватни хуманитарни организации и филантропи.

Причината заради која центарот ќе се фокусира првично на зависноста од видео игрите, е што овој вид на зависност најчесто ги погодува младите, кои од тие причини многу често го напуштаат и образованието, а губењето на контролата и големото влијание на игрите и врз другите животни активности е еден од главните симптоми на зависноста, според дефиниијата на СЗО.

Сепак, клиниката наиде и на критики од некои психијатри кои сметаат дека оваа зависност е само дел од проблемот, и како таква треба да се лекува пошироко и системски, а при тоа паралалено да се работи и на  подигање и општата свест за одговорно однесување.

Минатата година во Британија се дијагностицирани 16 случаи на серизона зависност од игрите.