Фото: IndieGoGo

Lumen е еден вид на “ џебен нутриционист“ наменет за оние што се грижат за својот изглед и здравје, сакаат здраво да се хранат и да ги подобрат своите перформанси.

Уредот функционира така што корисникот треба да дувне во него, а потоа преку компатибилната апликација за мобилен телефон, може да го види својот метаболизам, што му се препорачува да јаде тој ден и какви активности му се потребни.

Апликацијата го информира корисникот дали и колку ги преработува јаглехидратите и мастите. Исто така корисникот може да види како одредена храна му влијае на организмот и да добие одговори на прашања поврзани со исхраната и здравјето.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Њујорк, САД и  има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 274.934 долари од потребните 50.000 долари, а кампањата трае уште месец дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во февруари 2019-та година.