Фото: Indiegogo

LynQ е мал и компатибилен преносен уред, комбинација од GPS и радио врска со долг дострел, и прилагодена антена којшто постојано ја следи моменталната локација на својот корисник, пишува New Atlas

Ако корисникот на друг поврзан LynQ сака да знае каде е таа личност, тие едноставно притискаат едно копче и на LCD екранот сличен на компас ќе им се покаже колку е далеку човекот и во кој правец се движи.

Секој корисник на LynQ може да следи до 12 други лица во приватна мрежа во радиус од 4,8 километри. Едно полнење на батеријата држи и до три дена, па оттука LynQ е идеален за користење при пешачње, при возење на кајак, во шуми, или други активност во природа каде нема секогаш покриеност со мобилна мрежа.

Уредот може да се користи и за пронаоѓање на патот назад, а ќе издава и предупредување доколку детето-корисник ја напушти предодредента безбедносна зона.