Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2018 година изнесува 176.310, а бројот на ноќевањата изнесува 687.976.

Бројот на туристите во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, е зголемен за 14,9 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17,8 %.

Бројот на домашните туристи во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, е зголемен за 18,9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 12 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, е зголемен за 16,9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 19,5 %.

Во периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12,6 %, а кај странските има зголемување за 17,8 %.

Во периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16,8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12,4 %, а кај странските има зголемување за 21,2 %.