Македонската берзa потпиша меморандум за соработка со Македонската банкарска асоцијација со којшто се утврдуваат полињата за кооперација кои се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност.

Целта на соработката е унапредување на состојбите на финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

Соработка ќе се реализира во повеќе домени со  особено внимание на размената на информации, материјали и искуства поврзани со остварување на целите како и организирање едукативни активности, пред сè семинари, курсеви и работилници кои се од заеднички интерес, а се во доменот на делокруг на работење на страните.

Меморандумот предвидува и преземање иницијативи во врска со законската и подзаконска регулатива во доменот на работењето со хартии од вредност од важност за двете страни.