На седницата одржана на 20.12.2018 година, Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар:

  • Технометал Вардар АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација заради ненавремено објавување на неревидирниот биланс на успех за периодот 01.01. – 30.09.2018 година.
  • Благој Туфанов АД Радовиш, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01. – 31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01. – 30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01. – 30.09.2018 година.
  • Велес табак АД Велес, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01. – 31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01. – 30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01. – 30.09.2018 година.
  • Струмица табак АД Струмица, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01. – 31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01. – 30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01. – 30.09.2018 година.