Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ) Ве информира дека Maкедонската Асоцијација на Земјоделски Задруги (МАЗЗ) со потпишување на писмо за поддршка за проектот “Кон Фарми со нула јаглероден, отпаден и воден отпечаток. Патоказ за одржливи стратегии за управување со Балканскиот земјоделски сектор – BalkanRoad (Балкански пат)” одлучи да се приклучи на мрежата од засегнати чинители “ПАТ за Балканското земјоделство” кои се дел од проектот.

Тие се подготвени да ги следат резултатите на проектот, и да ги претстават своите видувања за време на локалните и меѓународните настани и да ги споделат податоците и информациите кои произлегуваат од проектните активности во пошироките земјоделски, пазарни и општествени кругови, во кои тие припаѓаат.

МАЗЗ ќе го поддржи имплементирањето на проектот преку вклучување во проектните активности, давање мислења и учествување во размената на информации, како засегната страна чии членови ќе имаат бенефит од успешното имплементирање на проектот. Дополнително МАЗЗ по завршувањето на проектот активно ќе се вклучи во промоцијата на резултатите од проектот и дисеминација на сознанијата помеѓу своето членство.

Овој проект е финансиран од Европската унија, во рамките на програмата “Balkan-Mediterranean 2014-2020” и ќе трае две години од 08.09.2017 до 30.08.2019.

Проектот под водство на Бенаки Институтот за фитопатологија (Benaki Phytopathological Institute) се спроведува во 5 држави: Грција, Кипар, Бугарија, Македонија и Албанија, при што Федерацијата на Производители на Органски Производи на Македонија ги имплементира активностите во земјава.

Проектот се фокусира на одржливи земјоделски практики кај повеќе земјоделски култури, преку активности на три опитни фарми за одгледување на грозје, јаболка и пиперки.

Балканскиот земјоделски сектор се соочува со значајни предизвици во однос на управувањето со ресурсите и емисиите на стакленички гасови. Иако некои земји покажуваат позитивни показатели за развој, сепак, континуираната економска криза, ниското ниво на иницијативи преземени од локалната и централната власти и понискиот капацитет и ниво на образование од балканските фармери во споредба со другите европски земјоделци, на ниво на фарми, го отежнуваат ускладувањето на балканското земјоделство со политиките на ЕУ.

Концептот на проектот цели:

  • да ја подигне подготвеноста на земјоделците да ја заштитат животната средина, преку развој на
    своите вештини, модернизација и зголемена профитабилноста како и подобрен пристап на
    нивните производи на меѓународните пазари;
  • да се подобри балканското земјоделско окружување преку развивање на стратегии, методологии
    и технологии за зачувување на природните ресурси (почва, вода, воздух), намалување на
    стакленички гасови, намалување на производството / депонирањето на отпадот и зголемување на
    степенот на рециклирање / повторна употреба во системите за земјоделство;
  • да се развие заеднички балкански протокол за производство на земјоделски производи со екоознака, ставајќи во сила одржливи практики низ целата производна линија (т.е. од полето до пазарот), така што крајните производи ќе имаат мерливи, споредливи и, во крајна линија, најнизок еколошки отпечаток.

За постигнување на овие цели проектот ќе обезбеди алатки за економски развој, преку усвојување на заштитни практики за заштита на животната средина, што ќе биде мотивација за земјоделците да ги усвојат и имплементираат резултати од проектот.

Фото: Pixabay