На 7 и 8 јуни во хотел Изгрев, Струга ќе се одржи Македонскиот енергетски форум 2018. Форумот е поддржан од АД Електрани на Македонија, Владата на Република Македонија и ЗИП Институт, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Форумот ќе биде платформа на која што ќе бидат споделени и директно комуницирани светските трендови во енергетиката и нивното влијание во Македонија и на Балканот. Учество ќе земат панелисти од САД, Европа, претставници од Европската енергетска заедница, членови на Владата на Република Македонија, претставници од енергетски компании,  професори и експерти од МАНУ кои ќе дискутираат на различни теми од областа на енергетиката.

Главната тема и мото на форумот ќе биде Решенија во енергетиката денес – алтернативи за иднината.