Главниот оперативен директор на берлинската старт-ап сцена Бетахаус пристигнува во Скопје и ќе учествува на ексклузивна презентација на бизнис идеи од страна на македонски старт-ап компании.

На 6-ти и 7-ми октомври 2018 година, за прв пат во Македонија,Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ овозможуваат компаните, преку програмата BETAPITCH, да добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.

Избраните 10 до 12 старт-ап компании, кои ќе бидат дел од менторирањето, во просториите на ИНОФЕИТ (на Факултетот за електротехника и информациски технологии) ќе може да ги презентираат своите идеи пред главниот оперативен директор на Бетахаус.

Притоа, најдобриот старт-ап ќе добие бесплатување патување на BETAPITCH Global & Investors Day на 15-ти ноември 2018 година во Берлин, Германија. На овој настан ќе може да ја презентираат својата идеја – продукт пред германската индустрија и да изградат деловни односи со старт-ап скаути од сите поголеми германски мултинационални компании.

Во 2018 година, BETAPITCH ќе се одржи во 15 различни градови низ целиот свет вклучувајќи го и Скопје. Локални партнери за Македонија се Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при #ФЕИТ/УКИМ.

Стартап компаниите, со свои идеи, може да аплицираат на https://www.betapitch.net/skopje/