Интервју со Анита Лазарова сопственик на салонот за убавина ТРЕНД AС

БИ: Кога и како започна приказната на салонот за убавина ТРЕНД AС?

Приказната започнува во 2004 година трае до денес и се надевам уште долго ќе трае.

Претходно работев 18 години во новинската куќа Нова Македонија, редакција Детска радост, и имав одличен ментор г-ѓа Јелка. Всушност таа беше иницијаторот денеска да бидам во приватниот сектор. Нејзиниот совет беше да се обидам да менаџирам свој бизнис бидејки имам одлични организаторски способност, а пак кон овие услуги што денеска се нудат во мојот салон од секогаш сум имала посебен однос и како корисник. И токму тоа мислење на жената кон која имав голема почит и верба беше пресудно да направам најголем пресврт во мојот живот – од економија да преминам во светот на убавината.

Денеска сум задоволна од изборот што го направив. Го инплементирав претходното искуство и знаење во мојот бизнис што мислам дека беше и клучот за ТРЕНД АС брзо да се движи напред. Се разбира во овие изминати години имаше и убави и помалу убави моменти, но јас сум и таков карактер кој сака предизвици и ги решава  истите. Моите деца Марија и Стефан се мојата гордост, израснаа во прекрасни личности  и веќе ми се голема помош во градење на професионалноста, имиџот и следење на сите новини во светот на убавината. Едноставно сега имам огромна помош во реализирањето на визијата која ја имаме за ТРЕНД АС.

БИ: Колку жените во Македонија се грижат за својот изглед и какви третмани најчесто користат?

Пред да започнам со мој бизнис многу често патував и тогаш за мене италијанките беа најнегуваните жени. Но, денеска мислам дека македонките воопшто не заостануваат во грижата за својата убавина.Ако направам една статистика во мојот салон имам клиенти од 15 до 65 год.,и секако нема да пропуштам да ја споменем г-ѓа Елица која неодамна го славеше својот 86 роденеден и е наш почесен клиент. Денес на младите без разлика на полот, грижата и негата за себе им е стил на живеење. Овој момент е мојот најголем мотив за надминување на сите предизвици кои станаа наше секојдневие. Ова е најголемиот показател дека овој бизнис има светла иднина. Што се однесува до вториот дел од прашањето кои третмани најчесто се користат, можам да кажам дека клиентите сакаат да пробаат се што е ново. За разлика од времето кога започнував со бизнисот сега клиентите се повеќе едуцирани, читаат, следат што е ново во светот на убавината.

БИ: Какви видови на услуги и третмани може да добијат клиентите во ТРЕНД АС?

Во ТРЕНД АС понудата е голема. Имаме голем избор на третмани за отстранување на масните наслаги и целулитот со апаратура што и во светот е бр. 1. Тука е и препаративната козметика од светски познати и признати брендови. Потоа голем избор на третмани за лице од кои особено се актуелни третманите за подмладување. Голем избор на разни видови масажи, од коишто во моментов најактуелна е мадеромасажата. Се разбира основните козметички услуги (депилација, педикир, маникир, надградба на нокти акрилна техника, свилени трепки). Имаме голем избор на СПА услуги каде што тунел сауната ни е фаворит, односно најбараниот третман во тој дел. Салонот нуди и фризерски услуги каде што со тек на време како најбарана услуга се издвои надградбата на коса токму поради тоа што се работи со 100% природни екстензии од најдобриот бренд во светот. Од неодамна салонот располага и со мини теретана со кардио справи, а вклучени се вежби во речиси секој пакет за слабеење, но можат да се користат и само услуги во теретаната со надзор на тренер. Имаме и соработка со нутриционист каде што ги упатуваме клиентите кои треба дополнително да вклучат и режим на исхрана. Исто така имаме соработка со доктор кој ги работи филерите и ботоксот кај клиенти кои имаат потреба од овој вид на услуги.

Би сакала да ставам акцент на услугата професионална шминка за којашто исклучително вложивме труд во најдобра едукација, најдобриот квалитет на шминки и се разбира продолжуваме и понатака со истото темпо. Мене ми е драго и горда сум што токму за овој дел и покрај тоа што е дипломиран турколог се определи мојата ќерка Марија Лазарова.

БИ: Дали има некој третман по кој што се издвојувате од останатите, што може да се најде само во Вашиот салон?

Да тоа е ХЕДЕРАС СПА ритуалот патентиран третман уште во 2008 год од моја страна. Цела една деценија помина како го имаме во понудата и ги следиме резултатите како и мислењето на нашите клиенти за него. Во последниве две години е еден од најбараните во делот на релаксација (во салонот го нарековме менаџерски третман веројатно затоа што најчесто го користеа клиенти кои навистина имаат исклучително  стресна работа). Во моментов сме во подготовки на бизнис стратегија со технолог кој ни ги изработува производите што се користат во третманот за производство на истите и пуштање во поширока употреба. Воопшто не се сомневам дека ќе успееме и производот ќе биде одлично прифатен.

Од останатата понуда на третмани најбараниот и речиси не постои клиент на ТРЕНД АС што не го правел е МЕЗОТЕРАПИЈАТА- третман за трајно отстранување на целулит. Тоа е и мојот фаворит третман во козметиката, го има и за тело но и за лице. Коктелот за подмладување го користат сите клиенти кои преферираат подмладување без боцкање.

Единствени сме и со понуда на годишен пакет кој е всушност и најбараниот пакет во ТРЕНД АС.

БИ: Годишниот пакет го издвоивте како најбараниот пакет кај Вас, што единствено Вие го нудите. Кажете ни нешто повеќе за него.

Повеќе од седум години го имаме во понудата и се покажа дека овој пакет е прифатен од сите клиенти на кои нашите услуги всушност им се стил на живеење, но и на оние кои навистина решиле да ги намалат килограмите и целулитот.

Водилка за да направам ваков пакет беа оние агресивни секојдневни  реклами. Тоа беа најчести реклами кога започнував со овој бизнис и многу време размислував како тоа да го објаснам, како овие неточни информации да ги исправам. Требаше едноставно да најдам начин да допрам до што е можно поголем број корисници кои сакаат навистина да ги намалат килограмите и да ја кажам вистината дека тоа е сепак подолг процес, не така лесен и брз а и дека диетите не се најдобар избор ако тоа не ви го препорача стручно лице, нутриционист како индивидуална програма. Знаете најлесно е да добиете клиент ако му го кажувате тоа што сака да го чуе и покрај тоа што не е вистина. Е тоа е мојот “проблем“ од првиот ден .Јас ке ви кажам сигурно што да очекувате од изборот на третманите што сте ги одбрале.

Затоа мојата препорака до сите клиенти е да не читаат диети од интернет и да ги практикуваат. Најдобро околу исхраната е консултација со стручно лице. Салонот за убавина Ви е неопходен при слабеење и отстранување на целулитот како и одржување на добар тонус. Најголемата грешка која се прави се ригорозните диети при што најчесто се нарушува здраствената состојба. Експресно брзо се намалуваат килограмите и при тоа се појавува вишок на кожа која потоа не може да се реши со козметички третмани, односно бара хируршки зафат. За кратко време потоа по престанок на користење на такви диети ги враќате килограмите.

Е токму затоа во ТРЕНД АС се нуди годишен пакет. Ако клиентот одлучил да ослабе треба да најпрво да си постави рок дека во текот на една година тоа ќе го стори на здрав начин и постепено. Годишниот пакет содржи 20 мезотерапии и 340 други видови третмани за слабеење и отстранување на целулит според потребите на клиентот. Клиентот може и сам да си ги избере третманите и сето тоа спроведено со една динамика што трае една година. Нашето единствено барање е дневно да се внесува над 3 литри течност бидејки тоа е најголемата помош што клиентот може да ја направи за заедно да постигнеме совршени резултати. После вака спроведена програма за слабеење ќе го добиете посакуваниот резултат кој ќе биде траен бидејки во таа година додека сте на третмани ќе го навикнете телото на здрав начин на исхрана и доволен внес на течност. Ќе бидете изненадени како и после третманите ќе имате потреба од внесување на иста количина на течности и потреба од активности. Тоа е Годишниот пакет  и топло ви го препорачуваме.

БИ: На кој начин се обидувате светските трендови во козметиката да ги донесете во Вашиот салон?

Во денешно време е навистина лесно да дознаете за се што е ново во било која област па и нашата. Интернетот ни го овозможува тоа да сме во тек со се што се случува. Едукацијата е секогаш на прво место и наша цел е да понудиме квалитет со што е можно подостапни цени. Успеваме да бидеме во тек со се што е ново и тоа нашите клиенти најдобро го знаат. Новини во оваа област има секојдневно, а за кои ќе се одлучиме ние да ги воведеме во салонот, смисливме анкети кои ги правиме еднаш месечно. Всушност се работи за анкетни листови кои ги одговараат клиентите во салонот каде меѓу прашањата има и едно што гласи Што би сакале ново да има во понудата на услуги? Значи во најголема мера клиентите одлучуваат што е тоа што ќе го воведеме.

БИ: Вашата работа подразбира секојдневна комуникација со луѓе. КОИ се најголемите предизвици и како може да се задоволат нивните барања?

Кога сте во постојана комуникација со луѓе за да ги задоволите нивните барања мора прво да воспоставите пријателска, искрена комуникација, да го ослободите клиентот од стегата на непријатност и да добиете повеќе информации за неговата здравствена состојба, за неговиот карактер, неговите очекувања. Тоа го правиме со цел да успееме на нивната помисла за ТРЕНД АС да предизвикаме чувство на релаксација, спокојство и убавина. Во овој бизнис или ќе ве доживеат релаксирано и ќе ви бидат лојални клиенти или резултатите кај клиентот и во бизнисот нема да се задоволителни.

Мене од првиот момент ме водеше ова правило и сигурна сум дека успеавме (показател за толку самоуверено го кажам ова се коментарите на клиентите што ги оставаат во книгата на клиенти во салонот)

Во ова денешно време каде што најмалку внимание се посветува на малите бизниси (мислам практично не теоретски) навистина ви е потребно многу трпение, многу труд и откажување многу често и од приватниот и од социјалниот живот за да истраете на патот до успехот.

БИ: Дали имате уште нешто да ни кажите а не ве прашавме?

Мислам дека ништо не кажав за тимот на ТРЕНД АС. Всушност тие се клучот на успехот. Јас го менаџирам но без нив и тоа не би било возможно.Да се формира добар тим е најтешката задача особено во последниве години. Многу спремен кадар се одлеа бидејки оваа работа секаде во светот е исклучително барана. Но, горда сум што од кај мене излегуваат спремни за поголеми предизвици и се разбира со добри препораки .Во контакт сме и корисни ни се и нивните информации. Две од нив се сега во Дубаи на работа и одлично се снајдоа, а третата е во Катар и веќе е менаџер на СПА центар во еден елитен хотел. Горда сум на нив. Во салонот имам и повозрасни и млади козметичарки кои ги имаат сите предиспозиции да бидат врвни козметичари .И како што често љубам да кажам имам дијамант, мојата Жаки –козметичар, човек работник каков што секој работодавач би сакал да има.

За крај би додала дека ТРЕНД АС и покрај сите предизвици се движи во нагорна линија и многу е блиску до остварување на визијата која ја има.