Franprix, француски ланец на супермаркети, планира да користи роботи за испорака на храна до нарачателите. Роботите ќе бидат тестирани на улиците во Париз една година, откако компанијата доби одобрение од властите.

Таканаречените дроиди ќе им го “олеснат животот“ на клиентите и ќе придонесат за креирање на лојалност кон Franprix. Ланецот маркети на овој проект соработуваше со францускиот старт – ап TwinswHeel, чијшто тим го разви сè уште неименуваниот робот, пишува Reuters.

Електричните дроиди ќе имаат две тркала, место за носење на намирниците со капацитет од 30 до 40 литри и ќе се движат со брзина од 25 километри на час.

Првично, роботите ќе ги следи вработен во маркетите, додека компанијата не добие официјална дозвола за нивно самостојно оперирање.

Franprix и TwinswHeel се надеваат дека во иднина купувачите ќе нарачуваат онлајн или во продавница, а роботите ќе им ги носат производите до домовите и ќе комуницираат преку СМС порака.

Фото: TwinswHeel