Фото: Facebook
Мартин Сорел, извршниот директор на најголемата светска рекламна агенција WPP  ја напушта компанијата поради истрага за “несоодветно однесување”. Тој го соопшти своето заминување во писмо до вработените во агенцијата изминатиов викенд, пренесува CNN.
WPP минатата недела објави дека одборот на компанијата ангажирал независен експерт за спроведување на истрага за наводното несоодветно однесување на Сорел.

Сорел, кој беше на чело на агенцијата три децении, заработи 70 милиони фунти (98 милиони долари) во 2015 година и 48 милиони фунти (68 милиони долари) минатата година.

Како нови извршни директори назначени се Марк Рид и Ендру Скот, кои се дел од компанијата околу две децении.

Британската WPP, поседува 400 агенции, а некои од нејзините клиенти се Ford, HSBC, Unilever и Procter & Gamble.