Фото: Kickstarter

Max Pump 2 е електрична пумпа што тежи само 160 грама и е погодна за пумпање на душеци за плажа, јога топки, чамци, базени и останати производи што се пумпаат со воздух.

Таа е водоотпорна, а исто така може да се користи и како power bank, за полнење на мобилен телефон или таблет. Едноставна е и безбедна за користење и со неа можат да управуваат и деца.

Max Pump 2 е толку мала и лесна за транспорт, а истовремено има голема моќ. Може да напумпа душек со стандардна големина за 4 минути, а за помали предмети доволни се само 30 секунди.

Освен тоа помага при одржување на логорски оган со тоа што го снабдува со кислород. Затоа таа е идеална за кампување и летување, но и за разни намени во домот.

Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Лос Анџелес, Калифорнија и  има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 83.576 долари од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште 35 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.