Мебел-Ви со задоволство ги информира своите пријатели, партнери и потрошувачи дека Салонот во Куманово веќе го прославува својот први роденден, на новата локација на Мебел-Ви во нас.Карпош, пред хотел Сателит.

“Изминаа 365 дена, се дружевме секој ден, опремивме илјадници ваши домови и канцеларии и нашето семејство на задоволни купувачи секојдневно расте. За да го одбележиме овој повод и да ја наградиме вашата поддршка подготвивме интересно Роденденско Викенд дружење на 18-ти и 19-ти мај. Целокупниот асортиман, повеќе од 1.100 производи, ќе бидат намалени и до -15%. Со секоја нарачка следуваат и подароци за сите наши купувачи и посетители. Освен ова за сите посетители нудиме и супер опции за купување до 12 рати без камата“, велат од Мебел-Ви.

Во салонот којшто зафаќа површина од 2.500м2, Мебел-Ви ќе ги пречека своите потрошувачи со новата колекција на производи, дополнета со премиум програмата на Mondivi, колекцијата на готови производи од Status и најдобрите душеци во Македонија Allegro.