Фото: IndieGoGo

Memomate е револуционарен производ, спој од уред за пишување, Power Bank и безжичен полнач.

На него може да се напишат до 100.000 страници и има сензибилно, прецизно пенкало со кое се црта и пишува во реално време.

Белешките може да се бришат за да се ослободи простор, а истите се зачувуваат во Evernote, Dropbox, OneNote и iCloud. Со Memomate може да се полнат 2 телефони во исто време, поддржува брзо полнење и има заштитна маска за да се заштити уредот од гребење.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Лос Анџелес, САД и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 6.452 долари, од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште месец дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.