Фото: Kickstarter

Францускиот воздухопловен инженер, Едвин Ван Руимбеке, го создаде MetaFly, летечки робот во форма на инсект, пишува New Atlas.

MetaFly тежи помалку од 10 грама, долг е 19 сантиметри и има распон на крилјата од 29 сантиметри. Со едно полнење на батеријата, MetaFly може да помине во воздух осум минути.

Во овој момент MetaFly има своја кампања на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Кога ќе се најде во продажба, овој летечки робот би чинел 129 евра.