Милан Сусман, директор за продажба на словенечката компанија Robotina Group

Милан Сусман е директор за продажба на словенечката компанија Robotina Group, фокусиранa на иновации во автоматика и контролна технологија. Хардверот на компанијата, облак – софтверот и други решенија базирани на IoT овозможуваат извонредност на компанијата во: контрола во индустријата, станбените објекти, енергетиката и инфраструктурата; софтвер базиран на облак и платформата SaaS (Software as Service) за IoT уреди поврзани во реално време/ реалниот свет; когнитивни технологии, машинско учење и вештачка интелигенција. Причината со која разговаравме со Сусман за време на неговата неодамнешна посета на партнерската компанија Кабтел во Скопје се HiQ решенијата, систем на уреди и софтвер развиен од Роботина, чија крајна цел е оптимизaција на домовите и објектите.

БИ: Кажете ни што претставува HiQ решението за паметен дом?

HiQ дом е паметен систем за домашна автоматизација чии што предности се управување на домот, безбедност, удобност и можност за пристап до новите услуги кои ги овозможува најновата технологија. Со HiQ домот, уредите на системот се контролираат и управуваат. Со користење на машинско учење и вештачка интелигенција, најчесто се управуваат светлата, греењето или ладењето, ролетните, пристапот до домот, алармите. HiQ системот управува и со електричните апарати во домот, со што овозможува комплетна енергетска ефикасност.

Елементи на HiQ домот се хардверски компоненти, што имаат функција на откривање и извршување на програмирани команди од една страна и софтверски компоненти што овозможува собирање на информации од уредите, програмирање и управување со уредите преку паметен телефон. Кога не сте во вашиот дом, овој систем овозможува да се поврзете на cloud платформата, која со свoите функционалности овозможува и дополнителни услуги и оптимизација.

БИ: Мора ли да бидат опфатени сите уреди во домот и дали системот може да се надгради?

Во основа, сите уреди во куќата може да бидат покриени, но важно е да се опфати она што е навистина вредно за управување. Секако дека HiQ системот може да се надгради со дополнителни компоненти, a и постојано се усовршуваат програмите за контрола и управување.

БИ: Кога треба да започне со имплементација на HiQ системот кога се градат нови објекти?

Кај новите објекти најдобро да се имплементира и планира од старт, односно при проектирање на становите, куќите, зградите, со цел да се подготват потребните инсталации. Но, во случај тоа да не е направено, сите клучни модули на HiQ решението се од најдобрата и најсовремена Enoceаn технологија, којашто овозможува нивна безжична комуникација.

БИ: Во последно време доста се зборува за паметни домови, па луѓето се прашуваат дали вреди да се инвестира во паметни домови. Колкав е рокот за враќање на инвестицијата?

Инвестирањето во HiQ Smart Home, исто така, може да се нарече инвестирање во иднината, затоа што опремата што се инсталира денес, останува во вашиот дом минимум 20 години, а покрај постоечките функционалности, овозможува и константен пристап до услугите преку облак. Тешко е попрецизно да се дефинираат датумите на поврат на инвестицијата, бидејќи тоа зависи од начинот на употреба на системот и потрошувачката на енергија, карактеристичен за секој поединечен објект. Имајќи ја предвид безбедноста и пред сè енергетската оптимизација, овој рок може да биде многу краток, на пример, една до две години.

БИ: Дали и како автоматизацијата ја зголемува вредноста на објектите? Дали објектите се обезбедени од сајбер-напади?

Во современиот начин на живот, во кој страдаме од недостаток на време, автоматизацијата овозможува лесно управување со домовите и кога сте дома и кога сте на бизнис патување, годишен одмор или едноставно сакате да се препуштите на комфорот на далечинско управување од секаде каде што имате пристап до интернет. Како и во сите системи во ИТ сегментот, секако е препорачливо да се има заштита од различни хакерски напади врз системот.

БИ: Дали HiQ паметните решенија се еколошки?

HiQ решенијата се секако еколошки решенија, бидејќи инсталираните HiQ HEMS конфигуратори (Домашни системи за менаџмент на енергијата) ја оптимизираат и со тоа ја намалуваат потрошувачката на енергија и автоматски им даваат предност на користењето на алтернативните извори на електрична енергија доколку постојат и помагаат во намалување на производството на стакленички гасови.

БИ: Дали HiQ решенијата може да се имплементираат на деловни објекти и кои бизниси имаат најдобро корисничко искуство со автоматизација?

HiQ решенија не само што можат да се имплементираат во сите видови на објекти (станови, куќи, хотели, канцеларии…), туку и во сите сегменти нудат супериорно искуство на корисниците.

БИ: На пазарот има различни смарт решенија, како се позиционира HiQ домот на пазарот?

Секако има многу различни и поевтини решенија, чиј рок на употреба е обично две до три години. Ако платите нешто 40 – 50 евра и трае две години и го споредите со нешто од 70 евра, што трае минимум 20 години, математиката е јасна.

БИ: Какви се вашите искуства на светскиот пазар, со оглед на фактот дека вашата компанија Роботина има имплементирано HiQ решенија во станбени објекти, хотели, банки, деловни објекти во вашата матична земја, но и ширум Европа, како и во Обединети Арапски Емирати, Русија?

Нашите искуства на светскиот пазар се многу позитивни, бидејќи трендот на имплементирање на паметни решенија за автоматизација на објектите и енергетската ефикасност е експоненцијално растечки, што значи дека сè повеќе и повеќе луѓе, особено од помладата генерација сакаат да живеат во станови кои со примена на новите технологии од една страна ја зголемуваат удобноста на модерниот живот, а од друга страна нудат заштеда на енергија и помагаат да се зачува природата.

Партнер на Роботина за Македонија е Кабтел.