Фото: Pixabay

Германскиот индустриски дизајнер Константин Грчич заедно со модниот бренд Aeance создадоа модна колекција од рециклирани материјали, пишува Dezeen.

Во оваа колекција се користени 96% рециклирани, природни или биоразградливи материјали.

Во рамки на колекцијата може да се најдат палта, јакни, панталони, здолништа, во “ограничена палета“ на нијанси – црна, сина, сива и црвена.

Грчич, кој е познат создавање мебел, вели дека неговата цел е да создаде облека според истите принципи и вредности што важат за индустрискиот дизајн.