Фото: Kickstarter

MOGICS Coconut е лесно пренослива LED светилка, што се витка и доаѓа со 4 јачини. Се полни со воздух и не се крши дури и при ударање во ѕид.

Светилката работи на батерија што се полни, а истата трае во зависнот на моментално одбраната јачина, односно, од 3 до 12 часа.

MOGICS Coconut е и водоотпорна, а доаѓа со торбичка за носење и кабел долг 2 ипол метри. При пренос светилката се витка и зафаќа само 1/6 од нормалната големина.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Калифорнија, САД и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 15.690 долари од потребните 8.000 долари, а кампањата трае уште 32 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.