Британскиот бренд Mothercare, којшто нуди облека и разни производи за трудници и деца, ќе затвори вкупно 60 свои продавници заклучно со јуни 2019, со што 900 вработени би добиле отказ.

Компанијата уште минатиот месец најави планови да затвори 50 продавници како дел од “планот за спасување“, но бројката нажалост се зголеми.

Затворањата ќе се извршат преку таканаречен доброволен компаниски аранжман (CVA), со што ќе се овозможи да се затворат продавниците што работат со загуба и да се добијат попусти за изнајмување.

Случајот на Mothercare доаѓа неколку месеци после колапсот на Toy’s R Us во Велика Британија со што се затворија 100 продавници и се изгубија 3.000 работни места.

Брендот Mothercare е познат во Британија и светот и опстојува 50 години на пазарот, пишува Mirror.

Фото: Facebook