Фото: Facebook

Моторизираната инвалидска количка што Стивен Хокинг ја користеше долги години поради својата болест е продадена на аукција за 393.000 долари. Истата се очекуваше дека ќе достигне цена од 19.528 долари, пишува Associated press.

Освен количката, на аукцијата во британската аукциска куќа Christie’s беа продадени вкупно 22 лични предмети на генијот, кој почина на 76- годишна возраст во март. Меѓу нив се најдоа копија од неговата докторска теза напишана на Универзитетот во Кембриџ во 1965 година, што е продадена за 767.000 долари. Сумата е за три пати поголема од предвидувањата.

Собраните пари до количката ќе одат во две добротворните организации Фондацијата Стивен Хокинг и Асоцијацијата за моторно невронски заболувања.

На аукцијата беше продадена и скрипта од еден негов настап во анимирано телевизиско шоу, за 8.136 долари, додека колекцијата од неговите медали и награди достигна сума од 386.037 долари.