Фото: Facebook

Кралицата на медиумите, како што ја нарекуваат Опра Винфри е и кралица на советите. Животот воопшто не и бил лесен, но таа знаела само за еден правец- понатаму и нема застанување.

Благодарение на нејзината емпатија за другите, таа со години споделува многу совети и на тој начин се изгради во икона на модерната популарна психологија, а воедно е и автор на многу изреки за животот, успехот, љубовта.

Опра Винфри испирира уште еднаш со своите безвременски мудрости за животот

Единственото најголемо нешто што можете да го направите за да го промените вашиот живот уште денес е да започнете да бидете благодарни за она што го имате.

Креирајте ја највисоката можна визија за себе. Потоа нека секој следен чекор ве води во таа насока.

Вашата вистинска страст треба да ја чувствувате како дишењето. Толку природно.

Верувам дека сè се случува со причина, дури и ако не сме доволно мудри за да го видиме тоа.

Простувањето е откажување од надежта дека минатото би можело да биде поинаку.

Не влегувај во врска во која не ти е дозволено да бидеш свој.

Ако не чувствуваш дека е вистинската работа, тогаш не прави ја. Тоа е лекција која што ќе ти заштеди подоцна многу каење.

Во животот го добиваш она коешто имаш храброст да го побараш.

Во животот ќе станете не она што го сакате, туку она во што верувате.

Најголемата авантура што некогаш може да ја направите е да го живеете животот од своите соништа.