Muse Hybrid е првиот луксузен, хибриден паметен часовник којшто има вградена NFC технологија за бесконтактно плаќање.

Muse содржи и предупредувач против штетни UV зраци, како и мерач за квалитет на сонот и фитнес активности.

Со посебната функција Muse Pay корисникот може да врши бесконтактно плаќање на над 38 милиони POS терминали на Mastercard низ целиот свет. Muse Pay е сигурен и ја користи истата технологија како кредитните и дебитните картички.

Освен тоа часовникот има и опција да испрати SOS повик во случај на несреќа, да го “најде“ мобилниот телефон доколку се изгуби и да го провери ритамот на срцето при одмарање.

Muse автоматски се конфигурира при секое менување на временска зона и доаѓа со две годишна меѓународна гаранција и сертификат за автентичност.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Бангалор, Индија и имаше успешна кампања на платформата IndieGoGo. Часовникот успеа да собере 103.892 долари, а кампањата заврши на 23 јули.

Првите испораки се очекува да бидат во ноември годинава.